Ливерпул: Ако го сакате Кутињо, подгответе 75 милиони евра!

 

Фудбалерот на Ливерпул, Фелипе Кутињо веќе подолго време се наоѓа на „радарот“ на многу европски клубови, а Барселона и ПСЖ се тимовите кои сериозни размислуваат за негов ангажман.

liverpul-slavi-so-kutinjo-615x400

Раководството на тимот од „Енфилд“ е подготвено да ги разгледа опциите, но само доколку стигне понуда „тешка“ 75 милиони евра. Бразилецот игра фантастично во дресот на Ливерпул после неговото доаѓање од Интер, а пред извесен период тој истакна дека би сакал да заигра на „Камп ноу“.

Тој оваа сезона постигна пет погодоци на девет натпревари и е еден од најзаслужните што Ливерпул се наоѓа на третата позиција на табелата во Премиер – лигата.

ekipa.mk