Лина Ѓорческа на УС Опен против екс-светска јуниорска шампионка

Лина Ѓорческа вечерва ја доби својата прва противничка во квалификациите за УС Опен – Американката Кетрин Белис која важи за една од најдобрите тенисерки кои преку квалификации ќе се обидат да обезбедат учество на четвртиот гранслем турнир за оваа сезона.

Lina-Gjorceska-615x400

Станува збор за 17-годишна тенисерка која важи за еден од најголемите таленти во овој спорт. Белис моментно се наоѓа на 158. места на ВТА-листата (Ѓорческа е рангирана како 222. во светот), но мора да се истакне дека Американката пред две години стана јуниорска тениска светска шампионка. За тоа колку сериозен ривал ќе биде доволно говори фактот дека Белис пред две години не само што на 15-годишна возраст успеа да ги мине квалификациите за УС Опен, туку и во првата рунда ја елиминираше тогашната вицешампионка Доминика Цибулкова. Со тоа, Американката стана најмладата тенисерка со добиен меч на УС Опен, на возраст од 15 години и четири месеци, но веќе во следното коло загуби од Зарина Дијас од Казахстан.