МВР: Повредени 23 полицајци и војници во нередите со мигрантите

 

Вкупно 23 службеници и тоа 14 полициски службеници  и девет припадници на АРМ биле повредени во нередите што се случија во неделата на македонско – грчката граница кога група мигранти ги каменуваа македoнските безбедносни сили.

Image (10)

Во судирот оштетени се три возила на МВР и пет возила на АРМ, како и повеќе полициски штитови и друга  опрема.

Околу 1000 и 2000 лица, според официјалното соопштение од МВР, почнале со насилни протести на околу 100-200 метри деснo од граничниот камен 59, со извикување, фрлање на камења и разни предмети.

Протестите следуваат откако претставници на мигрантите се сретнале со претставник на македонските гранични служби за да се уверат дека не се точни информациите дека границата е отворена и се интересирале кога ќе биде отворена границата.

Во протестите полицијата и армијата употребила солзавец за да ги растераат мигрантите.

По половина час мигрантите ја пробиле заштитната ограда и група од 20 до 30 мигранти се обиделе илегално да влезат на територијата на Македонија, но  веднаш биле вратени на територијата на Грција.

Друга група мигранти, пак, според проценките меѓу 500-1000 лица се обиделе да направат пробивање на оградата и лево од граничен камен 59, со каменување кон нашите безбедносни сили. Во 14.00 часот поголем дел од мигрантите се повлекле на околу 50-100 метри на грчка територија и состојбата делумно била ставена под контрола, со тоа што во  тој период во функција беа ставени и водени топови.

Во 14.45 часот е добиена информација дека мигрантите подготвувале Mолотови коктели за да ги фрлат кон нашите безбедносни сили, при што е издадена наредба безбедноста да се подигне на највисоко ниво.

Сѐ до 18:00 часот група од околу стотина мигранти од грчка територија континуирано ги каменувала нашите служби. Половина час подоцна околу 18.30 часот состојбата се нормализирала, а сите групи на мигранти се повлекле во длабочина кон грчка територија.

макфакс