Меркел: Западот повеќе не ѝ верува на Русија

merkel-1
Берлин, 7 јули, 2016 – 11:46 (META) 

Потезите на официјална Москва во однос на Украина придонесоа Западот да ја загуби довербата во Русија, оцени денеска германската канцеларка, Ангела Меркел, во германскиот Бундестаг.

– Доколку преку одредени зборови и дела се доведува во прашање важноста на законот и неповредливоста на границите, тогаш секако дека довербата се губи – рече Меркел.

Изјавата на Меркел доаѓа во пресрет на дводневниот самит на НАТО, кој утре почнува во Варшава.