Металика ќе издаде албум во живо снимен во Батаклан

Хеви метал бендот Металика, објавија дека ќе издадат албум со девет песни во живо снимен во Батаклан во Париз, а целиот профит ќе биде наменет за жртвите од терористичкиот напад на 13 ноември лани во истиот клуб.

Image

Албумот е насловен како француското национално мото „Liberte, Egalite, Fraternite, Metallica! – Live at Le Bataclan. Paris, France – June 11th, 2003″ (Слобода, еднаквост, братство, Металика! Во живо од Баржтаклан. Париз, Франција – 11 јуни 2003“ и треба да излезе на 16 април.

Албумот ќе содржи девет песни отсвирени во Батаклан од Металика, кога бендот во една вечер настапи во три помали клубови при промоцијата на нивниот албум „St. Anger.”

Од Металика велат дека целиот профит ќе биде пренасочен во Дај за Франција, иницијатива на филантропската група Фондација на Франција,  која собира пари за преживеаните и за семејствата кои ги изгубија нивните најблиски во терористичките напади.

Деведесет луѓе беа убиени на 13 ноември кога исласки екстремисти отворија оган во Батаклан каде настапување калифорниската рок група Eagles of Death Metal, а тоа беше најсмртоносен напад од серијата кои беа изведени таа вечер во главниот град на Франција.