МЗТ без шанси против Црвена ѕвезда

Црвена ѕвезда го победи МЗТ 92:79 (29:18, 19:22, 30:13, 14:26), во последниот натпревар од 22.коло во АБА лигата.

Image

МЗТ немаше сили да му се спротивстави на актуелниот шампион во АБА лигата, но во последната четвртина успеа да избегне дебакл.

Црвена ѕвезда на овој меч настапи без Американците Таренс Кинзи и Квинси Милер, но и без нив успеа уште во првата четвртина да стекне двоцифрена предност.

МЗТ успеа во втората четвртина да фати некаков приклучок, но надежите на ‘металците’ за евентуална сензација ги уништи Мајк Цирбес, кој беше предводник на домашниот тим во третиот период кој заврши 30:13.

Во последната четвртина, тренерот на Црвена ѕвезда им даде шанса на помладите играчи, што МЗТ, најмногу преку Урош Луковиќ, го искористи да го ублажи поразот.

Доминираа во редовите на Црвена ѕвезда, Мајк Цирбес со 28 поени и 11 скокови, односно Василије Мицич со 12 поени и 12 асистенции.

МЗТ го предводеа браќата Луковиќ, Урош (20 поени, 9 скокови) и Марко (17 поени, 5 скока), а покрај нив двоцифрен беше уште Ѓорѓе Дреновац кој постигна 10 поени.

МЗТ во наредното коло, на 8.февруари, ќе го пречека лидерот на табелата тимот на Будуќност