Милевски: Против Шкотска ќе играме на највисоко ниво!

Селекторот на македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, Боби Милевски, е убеден дека неговите избраници ќе одговорат на предизвикот на клучниот натпревар од квалификациите за ЕП 2017, на кој „црвено-жолтите“ за ривал ќе ја имаат соодветната селекција на Полска. Македонските младинци играат извонредно во текот на целиот квалификациски циклус, покажаа и квалитет и карактер, па сега се наоѓаат многу близу до место на претстојното Европско Првенство што ќе се одржи во Полска. За таа цел да се оствари неопходно е најпрвин да се слави над Шкотска, а потоа во прилог да ни одат и резултатите на Исланд на преостанатите две средби на оваа селекција.

bobi-milevski-pres-615x400

Овој натпревар е многу важен, но само затоа што претходно одигравме девет одлични меча во квалификации. Заслужено во моментов сме лидери во групата и тоа ми дава за право да веувам дека и на последниот натпревар момците ќе одиграат на највисоко ниво. Не се согласувам дека противникот е драстично подмладен, бидејќи во своите редови имаат неклку нови помлааид играчи, но мора да се потенцира дека тоа се фудбалери од Селтик, или пак од англиски премиерлигаши“ – изјави Милевски на денешната прес-конференција.

Тој не сакаше да влегува во дебата околу третманот на Демири и Бејтулаи во тимот на Шкендија, потенцирајќи дека тие го заслужиле своето место во оваа селекција.

Тие покажаа дека се квалитетни играчи, со самото тоа го заслужија местото во националниот тим. Не сакам да се мешам во клупската политика на Шкендија, но кога станува збор за репрезентацијата, јас имам огромна доверба во двајцата фудбаалери“ – истакна Милевски.

Македонскиот селектор се соочува со еден значаен проблем откако плејмејкер Енес Барди, еден од најдобрите во квалификацискиот циклус, заработи повреда на мускулот при настап за својот клуб.

Барди има проблем со бутниот мускул и веќе е ставен на терапија. Има уште десетина дена до натпреварот и се надевам дека ќе го оспособиме за настап“ – оптимист е Боби Милевски.

ekipa.mk