Музичкиот гениј Дејвид Боуви

Дејвид Боуви беше еден од највлијателните музичари на своето време, кој постојано одново ја редифинираше своја личности и својот звук, од хипиевскиот албум „Space Oddity“ од доцните шеесетти години на минатиот век, преку Зиги Стардас и Слабиот бел војвода до подоцнежното отелотворување на емотивниот рокер.

Image (1)

И додека музичарите и групите еволуираа во актуелните музички стилови и надворешниот изглед, Дејвид Боуви изгледаше како да е во постојаната спирала на револуцијата. Ѝ пркосеше на секоја етикета. Музичката, модната, сексуалната, сето тоа беа играчките на Боуви. Беше вистински уметнички камелеон.

Боуви е роден како Дејвид Роберт Џонс на 8-ми јануари 1947 година, но го менува името во 1966 година, за да ги избегне забуните со Дејвид Џонс од групата Monkees. Студирал уметност, дизајн, музика, будизам и пантомима, а својот прв албум „World of David Bowie“ го објави во 1967 година.. Меѓутоа, втората плоча – „Space Oddity“, особено насловната нумера, го побуди трајниот и страстен интерес на јавноста за младиот музичар. Амбиенталната приказна за астронаутот мајорот Том, напуштен во Земјината орбита, песната „Space Oddity“ стана хит во 1969 година, во годината на првото слетување на Месечина.

Успехот го надгради Боуви со својот следен албум „The Man Who Sold the World“, сложен дел чија насловна песна ја обработија многу музички уметници, вклучително и култниот бенд Nirvana.

Taa 1971 година Боуви објави уште еден албум „Hunky Dory“, кој многумина го сметаат за неговиот најдобар. Единаесетте песни, вклучително и „Life on Mars?“ и „Oh, You Pretty Things“ го редифинираа рокот за генерациите од 1970-те. Стихот од последната песна на албумот „Hunky Dory“, под наслов „The Bewlay Brothers“ изгледа дека најсликовито го опишува Дејвид Боуви – „камелеон, комичар, Коринќанец, карикатура“.

Една година подоцна Боуви го објавува „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“, извонреден концептуален албум со хитовите „Starman“, „Suffragette City“ и „Rock ‘n’ Roll Suicide“. Големиот успех на албумот и турнејата која го следеше, а на којашто Боуви настапуваше како сексуално двосмислениот Зиги, му ја донесе планетарната слава. Тогаш во брак со Енџи Барнет, се разведоа во 1980 година, и со младиот син Зови, сега познат како Данкан Џонс, беше хедонист од восхитувачки димензии, живеејќи го животот на рок ѕвезда со погон на алкохол, дрога и бисексуалност.

Во 1973 година Боуви го „уби“ Зиги и го измисли Thin White Duke со којшто, пак, ја утврди својата репутација во Америка. По „Aladdin Sane“ и апокалиптичниот албум „Diamond Dogs“, во 1975 година Боуви во Филаделфија го снима „Young Americans“. Кокетирањето со „пластичниот соул“ продолжува и на албумот „Station to Station“ и му го носи на Боуви првиот Број 1 во Америка, за песната „Fame“.

Тогаш Боуви уште еднаш ја менува насоката, се сели во Берлин и од 1977 до 1979 година го издава дискографскиот триптих „Low“, „Heroes“ и „Lodger“. Продуциран заедно со Брајан Ино, овој интензивен труд е најверојатно најексперименталниот во кариерата на Боуви, а е резултат на радикалното влијание на циклусот песни со мешавина од авангарда и електроника.

Кон крајот на 1970-те, Боуви се фокусира и на актерството и настапи во „Човекот кој падна на Земјата“ на Никлас Рог и заедно со Марлен Дитрих во „Just a Gigolo“ од 1979 година. По одлично прифатениот „Lodger“, следи плочата „Scary Monsters (and Super Creeps)“, којашто се памети и по пионерскиот видео спот за синглот „Ashes to Ashes“ во кој завршува приказната за Мајорот Том.

Во 1983 година повторно се појавува новиот Боуви и го снима албумот „Let’s Dance“. Хитовите како „China Girl“ и „Modern Love“, и спектакуларната турнеа под насловот „Serious Moonlight“, го претставија уметникот пред едно цело ново поколение. Следуваат снимањето со Queen на хитот „Under Pressure“ од 1981 година, а особено дуетот со Мик Џегер „Dancin’ in the Street“ кој беше еден од главните фактори на успехот на манифестацијата Band Aid и концертот „Live Aid“ кој се одржа во 1985 година.

Потоа Боуви се свртува кон глумата, ја носеше претставата „The Elephant Man“ на њујоршки Бродвеј и глумеше во „Луѓе мачки“, а кон крајот на осумдесеттите години од минатото столетие се посвети на својата нова група, постмодернистичиот проект „Tin Machine“. Овој проект, замислен како можност Боуви повторно да ги преиспитува своите рок корени, изроди два албума со проблематични квалитети, коишто ниту критиката, ниту публиката не ги дочекаа со вообичаеното одушевување. Потоа го објави двојниот албум со најголемите хитови „Changes“ и тргна на светската турнеја „Sound and Vision“.

Во втората половина од 1990-те Боуви се ожени со славната сомалиска манекенка Иман, а тогаш и издаде три помалку забележани албума. Големото враќање следеше со плочата „Heathen“, којашто му ги донесе највисоките позиции на топ листите по речиси две децении.

По „Reality“ од 2003 година следеше дискографската пауза долга десет години. Своите обожаватели и следбеници, коишто мислеа дека е во пензија, ги изненади во 2013 година со албумот „The Next Day“ и со него се врати на врвот. Последниот фален од критиката албум „Blackstar“, Боуви го објави на 8-ми јануари 2016 година, на својот 69-ти роденден, три дена пред смртта.

макфакс