Музички спектакл на полувремето на Super Bowl – видео

Британските рокери Coldplay, Beyonce  и Bruno Mars имаа впечатливи настапи за време на паузата помеѓу двете полувремиња на 50-то издание на Super Bowl натпреварот, финалето во американскиот фудбал, настан кој е редовно ги руши рекордите на гледаност, кога се во прашање спортските натпревари.

Image

Coldplay за време на својот 15-минутен настап изведе некои од своите најголеми хитови „Viva La Vida“, „Paradise“, „Adventure of a Lifetime“. Bruno Mars го изведе својот планетарен хит „Uptown Funk“, а потоа на Beyonce и помогна да го изведе нејзиниот најнов синг „Formation“, со кој ја најави својата турнеја, која ќе стартува на 27.април, и која вклучува настапи во 40 градови, во САД, Канада и Европа.

На почетокот на мечот, Lady Gaga, ја испеа химната на САД.