Наполи го бара Игало како замена за Милик

Италијанскиот калчолигаш Наполи бара замена за полскиот напаѓач Аркадиуш Милик, кој заработи сериозна повреда на коленото и долго време ќе отсуствува од фудбалските терени. Тренерот Маурицио Сари сака да ја засили конкуренцијата во нападот уште во зимскиот преоден рок, а би сакал новиот голгетер да има право на настап и во Лигата на шампионите. Тој гледа кон премиерлигашот Ватфорд и нивниот напаѓач Одион Игало.

igalo-615x400

Се работи за брз фудбалер кој одлично би се вклопил во играта на „наполитанците“, а раководството на италијанскиот клуб ќе се обиде најпрво да го доведе на шестмесечна позајмица, со можност за понатамошно откупување на договорот.

Претходно „наполитанците“ беа поврзувани и со Димитар Бербатов и Емануел Адебајор, но очигледно е дека желба на Сари е да доведе играч што се наоѓа во полна натпреварувачка форма.

ekipa.mk