Обама ќе ја посети Куба во наредните недели

Американскиот претседател Барак Обама во четврток ќе го објави датумот на својата историска посета на Куба, која би требало да се случи во наредните недели, како силен знак за одмрзнување на односите меѓу двете земји, пренесува AFP.

Image
Ова ќе биде прва посета на Куба на еден актуелен американски претседател уште од кубанската револуција во 1959 година. Последен американски лидер што го посети овој остров за време на својот мандат беше Келвин Колиџ во 1928 година.

Како што му се приближува крајот на мандатот, Обама јасно стави до знаење дека сака да ја посети Куба. Тој го смета завршувањето на педесетгодишната американска политика на изолација за врвно достигнување на надворешната политика.