Од Средноземното Море спасени 534 мигранти

Рим, 19 август, 2016 – 10:22 (META) 
 migranti

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека вчера, во рамки на спасувачките акции во Средоземното Море извлекла пет тела, а спасени се 534 мигранти.

Мигрантите се пронајдени во два гумени чамци и девет помали пловни објекти, наведе крајбрежната стража.

Според последните податоците на Меѓународната организација за миграција годинава во Италија преку море стигнале 100.244 мигранти, од кои повеќето од Либија.

Се проценува дека околу 2.742 лиза загинале во истиот период обидувајќи се да допловат до Европа.