Пијан кичевец прегазил двајца пешаци, едниот починал

Пијан кичевец во средата вечерта со автомобил „опел вектра“ прегазил двајца пешаци, а еден од нив починал на лице место.

Image (2)

Сообраќајката се случила околу 23.45 част на улицата „Прилепска“ во Кичево. Триесет и шестгодишниот возач удрил во двајцата пешаци на возраст од 54 години и избегал од местото на сообраќајката.

Едниот пешак починал на лице место, додека другиот со телесни повреди, по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево е пуштен на домашно лекување. Возачот и возилото биле пронајдени 45 минути по полноќ.

По алкотестирањето на возачот било утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Кичево. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција.

макфакс