Почина екс генералниот секретар на ОН Бутрос Бутрос Гали

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бутрос Бутрос Гали почина на 93-годишна возраст, објави венецуелскиот амбасадор во светската организација Рафаел Дарио Рамирез Карено, претседател на Советот за безбедност на ОН за февруари.

Image
Египќанецот Бутрос Бутрос Гали беше на должност еден петгодишен мандат од 1992 до 1996 година, во текот на војната на просторите на поранешна Југославија и геноцидот во Руанда.

Петнаесетчлениот Совет за безбедност на ОН одржа минута молчење во вторникот во чест на починатиот Гали, но засега не се објавени други поединости,

Како прв генерален секретар на ОН од африканскиот континент, Бутрос-Гали беше ангажиран на операцијата на спасување на населението на Сомалија од глад и го организираше првата масовна операција на ОН на Рогот од Африка. Но таму го обвинија дека не придонел за позначителен успех, Беше критикуван поради пропустот на ОН во текот на геноцидот извршен во 1994 година во Руанда, како и поради тоа што недоволно силно ја заговарал интервенцијата н ОН за завршување на граѓанската војна во Ангола, која тогаш беше една од најдолгите конфронтации во светот. Бутрос-Гали.

Беше исвиркан во Сараево, во сомалиската престолнина Могадишу и етиопската Адис Абеба. Во Сараево беа шокирани кога изјави дека не сака да ги намалува ужасите во Босна и Херцеговина, но дека има и други земји во светот во коишто вкупниот број загинати е поголем отколку во БиХ. Во Етиопија на сомалиските воени и водачи на клановите им порача да престанат да го обвинуваат него и ОН за колонијализам. „Студената војна заврши. Никого не го интересираат сиромашните земји во Африка или каде и да е на светот. Тие може лесно да ја заборават Сомалија за 24 часа“, им порача.