Премиерлига: Без победник во дербито

Лестер и Манчестер Сити одиграа 0:0, во претпоследниот натпревар од 19.коло во англиската Премиерлига.

Image

Натпреварот во Лестер донесе динамичен фудбал, неколку добри шанси на двете страни за постигнување на гол, но на крајот мрежите мируваа.

Најсериозната прилика ја имаше Варди во финишот на првото полувреме, кога од 14 нетри биеше високо над голот.

По овој меч Лестер се израмни на врвот со лидерпт Арсенал, овие два тима имаат по 39 бодови, Манечстер Сити е трет со 36, а четири бода помалку од лидерската двојка има Тотенхем.

Последниот меч оваа година во Премиерлигата ќе се одигра в среда помеѓу Сандерленд и Ливерпул.