Психологија на шминката: Карминот ги издава авантуристките, но и романтичните

Покрај според тенот, карминот се одбира и според пораката која мажите ја читаат од усните, јак ретро црвен кармин за нив е отворен повик, а розевиот им мириса на авантура.

karmin1

Кај повеќе од три милиони различни бои и нијанси на кармин, во изборот на правиот најдобар водич е тенот. Ако имате нежен и светол тен, избегнувајте ги темните, чоколадните и темно црвените нијанси на кармин. Предност даваат нијансите на праска и дискретни сјаеви со природни бои со кои усните делуваат нежно, како да не се нашминкани. За гламурозен изглед експериментирајте со црвените нијанси на кармини.

Жените со потемен тен се вистински среќнички, бидејќи ним добро им стојат сите нијанси. Сепак, избегнувајте млечни, мат бои кои се контрастни на темниот тен. Поиграјте се со портокаловите и корални нијанси, а со сјај истакнете го волуменот на усните. При изборот на совршениот кармин имајте на ум и дека со бојата испраќате и одредена порака на припадниците на спротивниот пол. Мажите бојата на карминот ја сфаќаат на свој начин.

Мал речник за шминкање

Мажите бојата на карминот ја сфаќаат на свој начин. Жешки ретро црвени кармини за нив е отворен повик, а розевиот им мириса на авантура. Посебно интригантни им се жените на чии усни стои темно виолетов или темно црвен кармин. Жените со светло портокалов кармин се доживуваат како духовити, забавни и сигурни во себе. Нежни и неутрални кармини ги вознемируваат бидејќи лицето на жените им изгледа бледо и без енергија.