Пукање во супермаркет во Тексас

Полицијата во Амариљо, град во сојузната американска држава Тексас, примила во вторникот повик за пукотници и можна заложничка криза во еден супермакрет на тровскиот синџир „Walmart“.

Image (16)

Засега нема извештаи за настрадани во инцидентот, се наведува во твитот на градската управа на Амариљо.

Полицијата не објави досега никакви поединости, само соопшти дека сообраќајот во близина на супермаркетот е запрен, а објектот на „Walmart“ е затворен.

Силите за одржување на редот ги повикаа жителите да стојат настрана од споменатата област.

„Постојат извештаи за тоа дека лицето внатре може да држи заложници“, објави локалната полиција на Facebook.

Меѓутоа, локалниот канал KVUE јавува во кус извештај дека полицијата „го застрела и уби активниот стрелец“ кој држел заложници во супермаректот.

Каналот се повикува на објава на Twitter на пполицијата во Амариљо, во кој било наведено дела стрелецвот „е долу а заложниците се безбедни“.

макфакс