Путин не знае за плановите на ДиКаприо да го глуми во филм

Рускиот претседател Владимир Путин не е запознаен со плановите за снимање филм за него, како и за наводната намера на славниот американски актер Леонардо ДиКаприо да ја толкува насловната ролја, изјави во средата за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Image
„На Путин не му се познати такви нешта. Не знаеме, исто така, дека ДиКаприо изјавил дека има желба да го игра Путин, доколку воопшто постои таква улога….. Никаде не видовме такви изјави од ДиКаприо“, изјавил Песков за руските медиуми.

Германскиот магазин Welt am Sonntag во неделата објави дека продуцентската куќа „Knightsbridge Entertainment“ планира да сними филм кој носи работен наслов „Путин“. Според овие медиумски извештаи, исто така, наводно главната улога се согласил да ја толкува Леонардо ДиКаприо.

Од неодамна е познато дека ДиКаприо има намера да го продуцира научнофантастичниот филм во жанрот на постапокалипсата според романот на писателката Кајла Олсон „Империјата на Замокот од песок“ (Sandcastle Empire). Адаптацијата ќе биде во рамките на проектот на филмските студија „Paramount“, а актерот ќе работи заедно со својот долгогодишен партнер во сопственоста на студијата „Appian Way“, Џенифер Дејвисон. Дејствието на романот е сместено во 2049 година, во ткн „антиутописки“ свет, кому му се заканува глобална еколошка катастрофа поради климатските промени, поплавите и демографските кризи.

Покрај актерскиот и продуцентскиот ангажман, познато е имено дека Леонардо ДиКаприо е активен и во заштитата на животната средина. Во 1998 година ја основаше сопствената фондација „Leonardo DiCaprio Foundation“, преку којашто вложува десетици милиони долари во еколошки проекти во многу земји во светот. Во 2014 година актерот беше назначен за амбасадор на ОН за проблемите со климатските промени. Тој е, исто така, и продуцент на документарниот филм „Virunga“ од 2014-та, во кој вниманието е фокусирано на животинските видови во исчезнување