Пјонгјанг се закани со превентивен нуклеарен напад врз САД и Јужна Кореја

 

Северна Кореја се закани со превентивен напад врз САД и Јужна Кореја доколку биде загрозена нејзината безбедност кои според неа произлегуваат од големите воени маневри кои треба да започнат во понеделникот на овие две земји против Пјонгјанг, објави севернокорејскиот Комитет за одбрана.

Image (1)

„Превентивниот нуклеарен удар на справедливоста ќе биде нанесен согласно изјавата на повисокото раководство на Корејската народна армија“, се вели во соопштението што го цитира севернокорејската државна агенција KCNA.

САД и Јужна Кореја започнуваат големи воени вежби под називи „Key Resolve“ и „Foal Eagle“, коишто комунистичкиот режим во Пјонгјанг ги смета како манифестирање агресија против Северна Кореја. Најавено е дека додека траат вежбите САД на Корејскиот полуостров ќе стационираат бомбардери од типовите „B-2 Northrop“ и „B-2 Spirit“, како и други видови стратешко вооружување. Во маневрите ќе бидат ангажирани 15.000 американски и 300.000 јужнокорејкси војници.

Според Комитетот за одбрана на Северна Кореја, американско-јужнокорејските воени вежби се со цел да го отстрани високото раководство на земјата и да биде урнат нејзиниот општествен социјалистички систем според оперативен план наречен „OPLAN 5015“.

Од своја страна Пјонгјанг разработил план за одговор за да се заштити од агресијата од страна од Вашингтон и Сеул. „Имаме свој сопствен план, одобрен од високото раководство, за операции и ослободување на Јужна Кореја и нанесување удари врз територијата на САД“, се вели во соопштението.

„Армијата и народот на Северна Кореја ќе преземат воени дејствија од предупредувачки карактер против непријателите“, го цитира соопштението јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Според агенцијата, во извештајот се споменува и можноста за гранатирање цели во Јужна Кореја, и нуклеарни напади врз американските воени бази во Азиско-пацифичкиот региони, како и на територијата на САД.

Ситуацијата на Корејскиот полуостров ескалираше по 6-ти јануари кога Северна Кореја го изведе четвртиот нуклеарен тест, а потоа на 7-ми февруари лансираше сателит со помош на балистичка ракета којашто може да се користи за нуклеарен напад на цели на оддалеченост од 12.000 километри. Како одговор на прекршувањето на меѓународните забрани за вакви тестирања, Советот за безбедност пори ОН донесе резолуција со којашто се заоструваат санкциите кон Пјонгјанг, кои ќе водат на натамошна економска изолација на Северна Кореја.

макфакс