Разбиена мрежа што изработувала лажни европски пасоши на Тајланд

Широка мрежа за која постои сомневање дека изработила стотина лажни европски пасоши, во главно за лица од Блискиот исток, е разоткриена оваа недела на Тајланд, земја која се смета за рај за фалсификаторите.

Image
Лажните документи се работени според оригиналните пасоши кои им биле украдени на туристите.

Повеќето клиенти на оваа мрежа со седиште источно од Бангкок била со потекло од Иран, Сирија, Авганистан или Ирак, нагласи генералот Нататорн Проусонторн од тајландските имиграциски служби, при тоа додавајќи дека документите се продавале по цена од 1.200 до 2.000 евра.

Мажот осомничен дека бил на чело на групата бил уапсен во понеделник, а станува збор за Хамид Реза Џафари, Иранец што живее на Тајланд 25 години, познат под прекарот ‘доктор’.

„Имаше шест различни пасоши – три бразилски, како и по една перуанска, португалска и новозеландска“, додаде Проусонторн.

Уапсени се петмина Пакистанци.