Разединето кралство, Шкотите сакаат да останат во ЕУ

Шкотските власти порачаа дека иднината на земјата ја гледаат во Европската унија (ЕУ), откако на референдумот во четвртокот Британците гласаа да го напуштат европскиот сојуз.

Image (7)

Според референдумот во Шкотска, монизнството на гласачите (1.661.191) се изјасниле дека сакаат и понатаму да се дел од ЕУ, додека за излегување на Британија од ЕУ гласале 1.018.322 гласачи.

Премиерката Никол Стурџон рекла дека Шкотска испратила недвосмислена порака.

„Шкотска го даде својот глас за ЕУ и јас ја поздравувам таа одлука да се поддржи нашиот европски статус. Иако сеуште ги чекаме официјалните резултати, јасно е дека луѓето во Шкотска својата иднина ја гледаат во ЕУ“, рекла Стурџон.

Прочуената писателка на серијалот за Хари Потер, Ј.К.Роулинг рекла дека Шкотска ќе бара независност.

„Шкотска сега ќе бара независност. наследството на Дејвид камерон ќе ги раздели двете унии. Ниту една од овие два работи не смееше да се случи“, напишала на Твитер писателката.

По референдумот во велика Британија се огласи и Син Фајн, група составена од неколку ирски националистички партии.

„Британската влада го загуби мандатот да ги застапува економските и политичките интереси на луѓето во Северна Ирска. Гласањето за излегување од ЕУ во Северна Ирска мора да преставува референдум за ирското национално единство“, порачале од Син Фајн.

макфакс