Ракометарите го совладаа Чиле за крај на олимписките квалификации

Македонските ракометари сом триумф над Чиле 30:27 (17:14) го завршија неуспешниот настап на олимписките квалификации во Гдањск. Натпреварот со Чиле беше последен за Наумче Мојсовски, кој се повлече од националниот тим и за селекторот Ивица Обрван, кој уште во саботата, по дебаклот од Тунис си поднесе оставка.

Image (5)

Иако беа под голем притисок и да можеа немаше да го играат мечот, македонските ракометари најдоа сила на вистински начин, со триумф над Чиле да ги завршат олимписките квалификации.

Тимот во кој воопшто не настапи капитенот Лазаров, како и Герогиевски и Јоноски, Манасков влегуваше само да изведува удари од седум метри, а Ристовски два пати застана на голот кога Чиленаците изведуваа седмерци, од почетокот до крајот го контролираше мечот и заслужено победи.

Натпреварот со Чиле беше последен кој за Македонија го одигра Наумче Мојсовски. Стружанецот, кој речиси две децении го носеше дресот со државниот грб и кој заедно со Лазаров беш еден од симболите на оваа генерација, натпреварот го заврши со четири гола.

Најефикасен во македонската репрезентација беше десното крило Никола Костески кој постигна шест гола.

макфакс