Русија започна со изработка на хиперсоничен Миг-41

Руската компанија „Миг“ започна изработка на нов авион што ќе го замени постоечкиот Миг-31, а како што е најавено, овој ловец пресретнувач, чие производство ќе започне до 2025 година, ќе може да развие хиперсонична брзина.

Image
Проектот за конструирање на нов пресретнувач започна на почетокот на 2014 година.

Тогаш претставникот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Александар Тарнајев, соопшти дека е потпишан документ за изведување на научно-истражувачки и експериментално-конструкторски работи на ловецот-пресретнувач Миг-41.

Новиот авион ќе ги има сите најдобри карактеристики на неговиот претходник, ќе се користат најмодерни материјали и ќе може да развие брзина преку четири маха, што значи дека ќе биде побрз од ракета, пренесува Спутник.

Заради брзината што ќе може авионот да ја развие, ниту еден моментален постоечки противоздушен систем, освен рускиот С-500, нема да може да го собори.