Русија ја обвинува Турција дека го снабдува IS преку Азаз

Руското министерство за надворешни работи во вторникот ја обвини Турција дека ги снабдува џихадистите од екстремната сунитска група Исламска држава (IS) потсетувајќи на ветувањето на Анкара дека нема да дозволи сирискиот град Азаз да падне во рацете на курдските сили, бидејќи лежи на еден од главните правци за снабдување во северната погранична покраина Алепо.

Image

Турција изминатиот викенд ги гранатираше позициите на Единиците за заштита на народот (YPG) кои на 11-ти февруари влегоа во градот Минех, со што ги пресекоа правците за снабдување и доведување нови борци преку пограничниот град Азаз кои од турска територија се префрлаат во покраината Алепо, при што загинаа двајца борци. Притоа Анкара ги предупреди курдските сили дека ќе се соочат со „најостра реакција“ доколку се обидат да го заземат градот Азаз, во близина на турската граница.

„Некои од напите партнери буквално нé молеа да не го пипаме коридорот кој е малку покус од 100 километри на сириско-турската граница околу Азаз. Очигледно тоа било со намера од Турција да се обезбеди непречено секојдневно снабдување на Исламската држава, Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда – з.н.) и другите терористички групи со оружје, муниција и храна“, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Владата во Дамаск, пак, во неделата упати писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации во кое изрази сомневање дека токму преку пограничниот премин кај Азаз покрај 12-те вооружени со тешко оружје камионети влегле и 100 борци, меѓу кои и турски војници и платеници.

Кремљ претходно во вторникот одлучно ги отфрли обвинувањата од Турција дека руски бомби паднале на неколку установи и училишта во северна Сирија. Според Москва во повторените вакви обвинувања повторно нема никакви докази, но руската страна како и пред една седмица тврди дека во Алепо бомбардирањата ги извршиле американски борбени авиони.