Руски новинари во Турција уапсени и потоа депортирани

Руски новинари кои се обиделе да ја истражат наводната вмешаност на Турција во трговијата со нафта биле уапсени во земјата, а потоа и депортирани, пишува Russia Today (RT).

 Image

Москва остро го осудила апсењето на новинарите и од турските претставници побарала објаснување. „Остро ја осудуваме илегалната акција на турските претставници. Таков третман на медиумите е апсолутно неприфатлив“, соопштиле од руското министерство за надворешни работи.

Новинарите на телевизијата „Русија 1“ биле уапсени во понеделникот на југоистокот од Турција. Како што се наведува, новинарите се подготвувале за истрага околу наводната вмешаност на Турција во трговијата на нафта со терористичката организација Исламска држава.

Како што пишува RT, неволјите за телевизиската екипа започнале веднаш по преминувањето на границата. Новинарот Александар Бузалаце навел дека кога екипата се приближила до турско-сириската граница, веднаш од страна на турската полиција им било порачано дека „ги блокирале турските безбедносни сили“ и побарале да ги тргнат камерите.

„Првата работа која сакаа да ја дознаат е дали имаме камера. Камерата беше во багажот. И покрај ова, тие ни ги земаа документите, нè однесоа во полициска станица, а подоцна бевме фотографирани, ни беа земени отпечатоци од пристите и бевме однесени на доктор“, рекол рускиот новинар.

Подоцна, додава тој, им било соопштено дека ќе бидат депортирани, но турските претставници не им ја објасниле причината за апсењето. Руското МНР, пак, соопштило дека Анкара не дала никакво објаснување и дека одбива соработка со руските диплома