САД сметаат дека Русија ги исполнила целите во Сирија со подносливи трошоци

Три месецa од почетокот на воздушната воена интервенција во Сирија, рускиот претседател ја постигнал својата главна цел да ја стабилизира власта на својот сојузник претседателот Башар ал-Асад со размерно ниски трошоци во однос на американските, и може со години да ги задржи операциите на ова ниво, сметаат американски воени функционери и аналитичари.

Image

Оваа процена се појавува во јавноста и покрај тврдењата на американскиот претседател Барак Обама и неговите главни сојузници, дека рускиот челник Владимир Путин тргнал во лошо конципирана мисија во помош на сирискиот претседател Башар ал-Асад, и дека ќе се боди да успее, но оти најверојатно нема да успее. Згора на тоа, се забележува чувствителниот напредок на теренот кој го остваруваат сириските владини сили од почнувањето на руската воена операција на 30-ти септември.

„Мислам дека е неоспорно дека режимот на Асад, со руската воена помош, е во посигурна позиција отколку што беше претходно“, вели во интервјуто за Reuters висок американски функционер кој барал да остане неименуван.

Уште пет други високи функционери за агенцијата изјавиле дека сметаат оти руската мисија досега главно била успешна, како и дека имала сразмерно ниски трошоци за воен ангажман од таков обем.

Американски функционери претходно нагласуваа, како и овојпат, дека Путин би можел да се соочи со сериозни проблеми, доколку руската вмешаност во речиси петгодишната сириска граѓанска војна се продолжи.

Имајќи предвид дека руската воздушна кампања започна на 30-ти септември, Русија претрпела минимали последици и покрај внатрешните буџетски тешкотии, лесно ги поднела трошоците за покривање на сириските операции, кои аналитичарите ги проценуваат на една до две милијарди долари на годишно ниво. Трошоците за воените операции се финансираат од редовниот годишен буџет за потребите на одбраната од околу 54 милијарди долари, рекол за Reuters разузнавачки функционер.

Се проценува дека во Сирија има пет илјади припадници на руските вооружени сили, вклучително пилоти, разузнавачи, безбедносни единици за заштита на базите коишто ги користи Москва и воени советници на силите на претседателот Асад.

Трошоците за воените операции се помали благодарејќи на падот на цените на нафтата, бидејќи е поевтино снабдувањето со гориво на авионите и бродовите. Исто така, повеќето борбени летови, руските авиони ги извршуваат од базите во Сирија, што значи и покуси дистанци за прелетување. Покрај тоа, Американците сметаат и дека Русите ги искористиле резервите од конвенционални бомби кои им останале од периодот по Втората светска војна.

Путин изјави дека целта на руската интервенција е да се стабилизира власта на Асад, и започна дури откако Дамаск официјално го побара тоа а го одобри рускиот парламент, зашто го смета за единствена сила во Сирија којашто може да ѝ се спротистави на екстремната сунитска организација Исламска држава, која прерасна во глобална терористичка закана.

Западните функционери тврдат дека руските авиони ги гаѓаат позициите на бунтовниците коишто тие ги поддржуваат и ги нарекуваат „умерени“. Москва, пак, од Вашингтон и сојузниците бара да ѝ ги предаде податоците за позициите кои ги држат „умерените“ сунитски бунтовници за да се избегнат напади врз нив.

Сепак, факт е дека со руските напади сириските сили направиле неколку значајни територијални напредувања против Исламската држава којашто под контрола држеше големи пространства од Сирија, сметаат аналитичарите.

Интервенцијата на Русија би можела, исто така, да го прекине подемот на сириската вооружена опозиција вооружувана и тактички поддржувана од Западот, откако владините сили ја преземаа иницијативата на теренот. Пред руската воена интервенција, велат американските и западните функционери, заканите за власта на Асад беа сé поголеми.

Наместо потиснување на опозициските сили, Русија сега може да се одлучи на зацврстување на власта на Асад на областите на кои се доминантни припадниците на неговата алавитска (шиитска) заедница, како и друзите и христијаните, рекол американски разузнавачки функционер.

Русија овие операции ги користи и за тестирање на новите оружја во борбените услови, како и за испитувања на начините како да ги интегрира во своите тактика, рекол истиот функционер. „Русите не влегоа на слепо во тоа“, рекол додавајќи дека покрај трошоците „имаат и некоја полза“.

Руската воена интервенција, се чини, ја зајакнала и нејзината позицијата на преговарачката маса. Во последните неколку седмици Вашингтон се зазема за та да ѝ се приближи на Москва во барањето решение за војната во Сирија и го повлече инсистирањето за неопходното и неодложно заминување на Асад од власта како дел од која и да е политичка транзиција на земјата.