Сан Антонио го собори рекордот на франшизата

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, го соборија рекордот на франшизата, откако против Далас го забележаа 24-от последовен триумф на домашен терен. Покрај Сан Антонио, победи запишаа Оклахома, Минесота, Хјустон и Денвер.

Image

Сан Антонио славеше во дербито на Тексас против Далас со 112:83. Спарси ја запишаа 24-та последовна победа на домашен терен, а доколку се смета и финишот на минатата сезона Сан Антонио има серија од 33 победи пред своите навивачи.

Ламаркус Олдриџ со 23 поени и седум скока, односно Борис Дио со 16 и кави Ленард со 15 поени ги предводеа Спарси до победата на овој меч.

Денвер во ефикасен натпревар, со пресврт во последната четвртина славеше над Индијана 129:126. Денвер последниот период го доби со резултат 45:35. Галинари со 23 и Бартон со 21 поен беа најефикасни во редовите на победникот, додека кај Индијана се истакнаа Тарнер со 25 и Елис со 24 поени.

Оклахома, предводена од Расел Вестбрук, слвеше со 99:74 во дуелот со Мајами. Вестрбрук оствари ‘трипл дабл’ од 13 поени, 10 скокови и 15 асистенции.

Минесота во дуелот со Феникс запиша убедлив триумф (117:87) и ја прекина серијата од девет порази. Рубио и Вигинс со по 18 поени беа нејефикасни во редовите на Минесота.

Хјустон, во Лос Анџелес, ги совлада Лејкерси со 112:95. Харден со 31 поен, односно Хауард со 14 поени и 15 скокови беа најефикасни кај победникот, на спортивната страна Вилијамс постигна 20 поени, а Рендл имаше учинок од 10 поени и 12 скокови.