Серхио Рамос ќе паузира шест седмици

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе паузира околу шест седмици од фудбалските терени, откако заработи повреда за време на репрезентативните настапи во селекцијата на Шпанија. Тој се повреди на гостувањето против Албанија во Скадар и според најновите лекарски информации нема да му биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан до крајот на ноември. Ќе има „трка со времето“ да се опорави за градското дерби со Атлетико Мадрид, кое треба да биде на програмата на 19/20 ноември.

serhio-ramos-povreda-615x400

Рамос сигурно ќе го пропушти двомечот со Легија Варшава во Лигата на шампионите, како и неколку натпревари од Примера. Тој нема да биде во составот на „кралевите“ на дуелите со Бетис и со Алавес во гости, како и мечевите против Атлетик Билбао и против Леганес на домашен терен.

ekipa.mk