Сирија: Следниот круг од преговорите ќе биде решавачки

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура, изјави во понеделникот во сириската престолнина Дамаск дека следниот круг од преговорите во швајцарска Женева ќе биде клучен за изнаоѓање на политичкото решени на сирискиот конфликт.

Image (7)

„Следната фаза од преговорите во Женева е клучна, бидејќи ќе се концентрираме на политичката транзиција, на управата и уставните начела“, појасни Мистура за новинарите по средбата со сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем.

Недиректните меѓусириски преговори меѓу претставниците на владата на претседателот Башар ал-Асад и вооружената сунитска опозиција, треба да продолжат во среда во Женева, каде беше одржан претходниот круг од 14-ти до 24-ти март.

„Се надеваме и имаме намера да водиме конструктивни и конкретни преговори“, прецизираше де Мистура,

Тоа е најчувствителна точка од преговорите, бидејќи опозицијата сака формирање извршно тело со сите овластување од кои би бил исклучен претседателот Башар ал-Aсад, додека владата сака влада проширена со членови на опозицијата, сo Асад како претседател, како што одредува сегашниот устав, и за неговата иднина да се изјаснат Сиријците на избори.

Според сириската официјална агенција SANA, шефот на сириската дипломатија Муалем потврдил дека владината делегација е подготвена за новите преговори.

Де Мистура со својот соговорник го споменал и кревкото примирје кое стапи на сила по американско-руската иницијатива, од кое се исклучени џихадистичките групи Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

Разговаравме за важноста за зачувување и одржување на прекинот на огнот кое е кревко, но постои. Мораме да обезбедиме да потрае, без оглед на инцидентите“, рече пратеникот на ОН.

Соговорниците разговарале и за хуманитарните прашања и пристапот до опколените места. Притоа де Мистура ја пофалил Светската програма за храна (WFP) која во неделата фрли од воздух храна и други продукти за 200.000 луѓе опколени во покраината Деир Езор.

макфакс