Сончево со слаб до умерен северозападен ветер

Претежно сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северозападен ветер.

Image (6)
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 24 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и многу топло време за овој период од годината. Само во четврток ќе има преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно од југозападен правец.

макфакс