Српскиот државјанин осомничен за убиството во Охрид се товари и за недозволено користење на наркотици

Српскиот државјанин кој е осомничен за убиството што се случи на Нова година во Охрид се товари и за недозволено користење на наркотици.

Image

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29 – годишен српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Се работи за лицето Бојан У. кој е осомничен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски (27) што се случи на Нова година.

Како што информираат од министерството за внатрешни работи, на 31- ви минатата година пријавениот бил сместен во вила во Охрид, заедно со уште две лица од Србија и на истите им овозможил уживање на амфетамин.

Бојан У. се наоѓа во притвор во Скопје, а против него Јавното обвинителство поднесе кривична пријава за „свирепо убиство“, за немилиот настан што го потресе Охрид во новогодишната ноќ.

Лицата пак кои се опфатени со денешната пријава на полицијата како уживатели на наркотични средства, се истите кои истражните органи ги товарат за помагање на првоосомничениот за убиството што вечерта на Нова година се случи на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Исто така и нив им беше изречена мерка притвор. Употребата на наркотични средства фрла нова светлина на случајот во кој до смрт беше претепан 27-годишниот охриѓанец