Српски медиуми: Без Косово во ОН, Србија не може во ЕУ

На српскиот државен врв уште пред две години му беше кажано дека членството на Косово во ОН ќе биде еден од условите Србија да биде примена во ЕУ“, навел еден од пратениците на германската владејачка коалиција. Според него, таквиот став на Германија и бил соопштен на Србија кога се разговарало за Бриселскиот договор меѓу Србија и Косово.

Image

„Тогаш рековме и дека нема да го ратификуваме членството на Србија во ЕУ доколку земјата не прифати Косово да стане полноправна членка на Обединетите нации“, рекол изворот за „Данас“.

Анонимниот пратеник на Бундестагот додал дека прашањето и натаму останува отворено. „Сепак тоа и понатаму е отворено прашање во мојата партија, бидејќи има различни прашања по ова прашање“, рекол тој.

Германскиот пратеник оценил дека „време е да се започне процесот за признавањето на членството на Косово во ОН“ и да се „убедат луѓето во владејачката Српска напредна партија да се согласат на ова барање“, при што за оваа одлука треба и „да се подготви јавноста во Србија“.