Стоунси поканети да го завршат концертот прекинат пред 50 години

Издавачот на локалниот весник во Лин, во американската сојузна држава Масачусетс, го повика легендарниот британски бенд Ролинг Стоунс да се вратат во тој град во кој пред 50 години го прекинаа концертот заради невреме, што предизвика бес кај посетителите на концертот.

Image (2)
Тед Грант, издавач на весникот Daily Item, им упати на Ролинг Стоунс отворено писмо во кое ги повикува повторно да настапат во Лин, 50 години откако бендот ги разбесни фановите прекинувајќи го концертот заради бура.

Грант во писмото наведе дека во Лин многу работи се промениле од 24 јуни 1966 година, кога славниот бенд последен пат свиреше во тој град.

Стоунси го прекинаа концертот на стадионот Менинг Боул и ја напуштија бината заради невреме, а полицијата морала да употреби солзавец да ги растера разлутените фанови кои ја пробиле заштитната ограда.

Грант им понуди на музичарите да ги пречека на аеродром и да ги смести во својот дом, со напомена дека на „Џенси тоа нема да и пречи“.

Исто така, на Стоунси им понуди пред концертот да наминат на кафе во новото ‘место’ на улицата Манро, а и после настапот на вечера кај „Розети“, но да го информираат претходно за резервација, оти ресторанот секогаш е полн со гости навечер.

„Ќе направиме да заработите. Се сеќавате кога Лорни Мичелс им понуди на Битлси 3.000 долари да се обединат на „Во живо во сабота навечер“. Па, Daily Item не е „Во живо во сабота навечер“ и го немаме буџетот на Мичел. Но, ви нудиме 737 долари во готовина. Ако го убедите Бил да земе 137 долари, остануваат по 200 долари по човек за сите останати. Ако дојде и Рон Вудс, убеден сум дека нашите читатели ќе дадат некој долар за него“, наведе Грант.

макфакс