Талески и Душебајев во идеалниот тим на 1. коло од ЛШ

„Бомбардерот“ на Металург, Филип Талески и шпанскиот интернационалец од редовите на Вардар, Алекс Душебајев се избрани во идеалниот тим на 1. коло од Лигата на шампионите.

1-img_5001-615x400

Феноменалната партија против Елверум и оние 13 погодоци сосема заслужено го сместија Талевски во идеалниот тим, како најдобар лев бек, додека, пак, Душебајев ја имаше клучната улога во триумфот на Вардар на гостувањето против Кристијанштад.

Изборот на ЕХФ за најдобрите од стартната рунда натпревари во ЛШ може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Идеалниот тим на првото коло од Лигата на шампионите:

Лево крило   Уве Генсхајмер ПСЖ
Лев бек Филип Талески Металург
Среден бек Кентин Мае Фленсбург
Десен бек Алекс Душебајев Вардар
Десно крило Каспер Килделунд Холстебро
Пикер Толга Озбахар Бешикташ
Голман Филип Ивиќ Кјелце

ekipa.mk