Тајните на привлечноста: Мали трикови кои ќе те направат неодолива

Привлечноста не може да се одглуми, а мажот кој не те смета за пожелна може многу брзо да го смени мислењето. Сепак, постојат и трикови кои ќе го натераат да се предомисли.

slika12

Носи црвено

Едноставно е – мажите се чувствуваат подобро кога покрај нив има жена во црвено. Таа боја ги возбудува, а тоа нема да го препишат на твојот црвен фустан, туку на тебе.

Внимавај на усните

Иако црвената боја е гаранција дека ќе те примети, избегавај ја на усните. Истражувањата покажуваат дека на мажите им се попривлечни жените кои имаат некој понеутрален кармин, додека оние со жар црвени усни ги одбиваат.

Смешкај се

Женската насмевка е најдоброто оружје за придовивање на мажот. Покажува дека си опуштена и му дава дознаење дека со тебе секогаш добро ќе се забавува.

Негувај ја косата

Мажите сакаат жени со чиста и сјајна коса. Косата која нежмо паѓа преку рамењата ги привлекува, затоа што замислуваат како со прстите проаѓаат низ неа. Дури и кога ќе ја подигнеш, тие ќе фантазираат како ќе изгледа кога ќе ја пуштиш.

Освои го со мирисот

Најлесно ќе го освоиш ако убаво мирисаш, што за жените не е никаков проблем. Мажите највеќе сакаат нежни мириси. Каков и да одбереш парфем, пази да не претераш со нанесувањето, затоа што и најубавиот парфем може да мириса непријатно во преголеми количини.

Запали свеќи

Затемнетата соба и светло на свеќи може многу да ти помогнат. Под светлото на свеќа сите изгледаме подобро, а мажот автоматски има чувство дека ќе следи нешто секси, па ја гледа жената со други очи.