Трета експлозија во Брисел, овојпат во метрото

Трета експлозија се случи во главниот град на Белгија, Брисел, утрово, и тоа во метрото во близина на зградата на Европската унија, откако претходно имаше две експлозии на аеродромот, во кои, според извештаите загинаа најмалку 11 лица, а 20 се повредени.

Image

Неколку луѓе се убиени, а повеќе се ранети во она што се смета за терористички напад во Брисел, по двете експлозии кои се случија на аеродромот, утрово.
Две гласни експлозии една по друга ја потресоа аеродромската зграда и предизвикаа паника кај патниците, нешто по 8 часот, во вторник, по локално време.

Според некои извештаи биле испукани и неколку куршуми претходно, а се слушале и зборови извикани на арапски јазик. Пред експлозиите кои се случиле во близина на пултот за чекирање на American Airlines, во халата за поаѓање.
Аеродромот е затворен, а сите летови се отклажани, како и железницата која поминува крај аеродромот.

На објавените виде се гледаат стотици луѓе кои бегат од аеродромот, а чад се издига над зградата.

Нивото на безбедност од тероризам е подигнато на највисоко ниво во земјата.
Експлозиите доаѓаат само неколку дена по апсењето на Салах Абделслам, главен осомничен за нападите во Париз, во ноември, кога загинаа 130 луѓе. Голем дел од истрагата за тој случај се водеше во Брисел, со оглед на тоа дела повеќето од напаѓачите пораснале во главниот град на Белгија.

Деновиве излезе и информација дека Абделслам поврзан со друга терористичка келија, планирал напади на Брисел.