Уапсен тренерот на Гензебе Дибаба

Тренерот на светската шампионка на 1.500 метри Гензебе Дибаба е уапсен во близина на Барселона. Тој бил уапсен откако по извршениот полициски претрес во неговата хотелска соба биле најдени траги на забранети супстанци, меѓу кои допингот на крвта, ЕПО.

Image (2)

Сомалискиот тренер Џама Аден е уапсен заедно со уште еден неименуван тренер од Мароко, откако Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) тестирала 30 атлетичари кои биле сместени во хотелот „Сабадељ“, во близина на Барселона, каде тренерот од 2013 година одржува годишни кампови за трениг.

Полицијата потврди дека Аден и уште еден тренер биле уапсени под обвинение за давање и дистрибуирање на забранети супстанци и загрозување на јавното здравство.

Атлетичарите кои престојувале во хотелот, вклучувајќи ја и Дибаба, биле од Сомалија и Етиопија.

Гензебе Дибаба е главна фаворитка за освојување на златниот медал на 1.500 метри на престојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро.