УЛЕБ на АБА и нуди едно место во Евролигата

Шампионот во АБА лигата ќе има гарантирано место во наредните три сезони, во УЛЕБ Евролигата, доколку регионалното натпреварување ја прифати понудата на елитното натпреварување. Официјалната понуда од УЛЕБ Евролигата им била презентирана на сите членови на Собранието на АБА лигата, кое во вторникот, се одржа во Белград.

Image

Понудата која пристигнаа во седиштето на АБА лигата била потпишана од првиот човек на Евролигата, Џорди Бартомеу. Во неа се наведува дека АБА лигата би имала загарантирано едно место во Евролигата до сезоната 2018/2019.

Доколку АБА ја прифати понудата, тогаш регионалното натпреварување ќе добие Б лиценца, што значи дека таа нема да се однесува на ниту еден клуб, туку само на  натпреварувањето.

АБА лигата објави дека во наредните денови ќе биде соопштена одлуката, бидејќи раководството е во преговори и со ФИБА Европа, која на регионалното натпреварување му нуди три места во Евролигата која ќе се игра во нејзина организација.