Федерер ги пропушта ОИ во Рио и продолжението од тениската сезона

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер нема да учествува на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро, а поради повреда ќе го пропушти и остатокот од сезоната. Тој оваа вест ја сподели со јавноста преку социјалната мрежа Фејсбук, истакнувајќи дека мора да ја следи препораката на докторите за негова рехабилитација по операцијата на коленото.

federer-cao-na-treva-615x400

„Драги фанови, морам со жалење да ве известам дека нема да можам да настап за Швајцарија на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро, а ќе го пропуштам и продолжението на тениската сезона. Морам комплетно да се посветам на интензивната програмаза рехабилитација по операцијата на коленото. Тоа беше препорака од докторите која ја прифатив, со оглед дека морам да размислувам и за понатамошниот дел од кариерата. Се надевам дека ќе се вратам комплетно здрав, мотивиран и желен за нови успеси на почетокот од следната тениска сезона“, напиша меѓудругото Роџер Федерер на својот профил на Фејсбук.