ФИА со истрага: Фетел го чека казна за пцовките на радио

Изминатиот викенд се возеше трката за Големата Награда на Мексико. На гридот речиси и да немаше промени во текот на целата трка долга 71 круг, но тоа што остана во центарот на вниманието беа последните неколку кругови и битката за третото место која се одвиваше помеѓу Макс Верстапен, Себастијан Фетел и Даниел Рикардо.

fetel-po-trka-615x400

Верстапен беше трет, но поради кратење на патеката требаше да му го отстапи местото на Фетел кој беше зад него. Данецот не го направи тоа и заработи казна од пет секунди додадено време. Фетел го зазема неговото место на подиумот, но залудно славјето кога подоцна и тој доби казна па третото место му припадна на Рикардо.

Во моментот кога Верстапен не му го отстапи местото на патеката Фетел започна расправија со своите механичари преку радио врска. Четирикратниот светски шампион го обвини Чарли Вајтинг, директорот за трки и без влакна на јазикот упати неколку пцости на негова адреса.

По завршувањето на трката и подиумот, Фетел лично му се извинил на Вајтинг, но тоа нема така лесно да помине со ФИА (меѓународна автомобилистичка федерација).

Според спортскиот кодекс морална повреда на некое лице од ФИА, нејзините работни тела, членовите или извршните лица сноси соодветна казна. Па така Германецот може да заработиопомена во најмала рака, а најстрогата казна би била суспензија од трка.

ekipa.mk