Филмот за Хитлер можен германски кандидат за Оскар

Сатиричната комедија за водачот на нацистичка Германија во периодот на Втората светска војна, Адолф Хитлер, е еден од осумте филмови кои Германија ги разгледува за свој кандидат за Оскар за најдобар странски филм.

Image (2)
Филмот „Гледај кој се вратил“ (Er ist wieder da, Bastei Lübbe Tasсhenbuch) зборува за Адолф Хитлер кој се буди едно мајско утро во 2011 година во Берлин, во слободна обединета Германија, без војна, без партија, без Ева но со илјаднции доселеници и со Ангела Меркел на чело.. и добива своја телевизиска емисија. Се заснова на истоимениот роман на германск-унгарскиот автор Тимур Вермеш, и минатата година беше голем хит во кината, а потоа го купи Netflix.

Германскиот кандидат за најпрестижната филмска награда ќе биде избран од независно жири на 25-ти август. Последниот германски филм кои освои Оскар беше „Животот на другите“ во 2007 година.