Финска ќе депортира 20.000 бегалци

Финските власти процениле дека ќе депортираат 20.000 бегалци, од вкупно 32.000 мигранти кои лани, во таа држава побарале азил, соопшти Министерството за внатрешни работи на Финска.

Image

Секоја година Финска одбива 60 отсто од барањата за азил, но оваа година бројката е голема затоа што во текот на 2015 година во земјата пристигнаа многу повеќе бегалци отколку пред тоа, пренесува Reuters.

 

„Моменталната процена изнесува 20 илјади, но тоа може да се промени ако барателите на азил доброволно одлучат да се вратат дома“, вели службеничка од министерството, Паиви Нерг.

 

Тоа значи дека ќе бидат депортирани 62 отсто од вкупниот број азиланти.

 

Во 2014 година тој број изнесуваше 56 отсто, но тогаш имаше само 3.600 барања за азил.

Нерг изјави дека министерството има намера да основа посебни транзитни центри за оние кои ќе бидат депортирани, додека оние кои доброволно ќе решат да се вратат назад ќе бидат сместени во други центри.