Формирана анкетната комисија, но нема механизам да дојде до вистината

 

Собранието, во вторник, ги избра членовите на Анкетната комисија, која ќе го преиспитува скандалот со прислушувањето, но се добива впечаток дека тие ќе имаат тешка задача да соберат податоци за работа, затоа што нема обврски сведоци, граѓани и институции да даваат инфомации.

sobranie

За претседател на анкетната комисија е избран Петре Шилегов, а за заменик претседател Горан Мисовски. Членови на комисијата се Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев и Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула  и Роза Топузова-Каревска.

Пратеникот Павле Трајанов рече дека се сомнева дека Комисијата ќе може да дојде до вистината за прислушувањето.

„Анкетната комисија баравме да има пошироки истражни овластувања, но тоа не помина, па сега многу тешко ќе се собира податоци за да се дојде до вистината: Кој во Македонија дал налог да се користат системите за прислушување, тоа е едно од клучните прашања, кој се бил вклучен во прислушувањето, кој ги користел тие информации до кого биле доставувани. Знаеме дека опозицијата ги има, но засега немаме информација кој од власта располагал со оние материјали и за што биле користени. Не сум сигурен дека има механизам да се дојде до вистината бидејќи нема обврска сведоци, граѓани, институтции да даваат информации, вистината е се утврдува со гласање, а според бројот на членови во комисијата мислам дека многу тешко ќе се доаѓа до решенија кои ќе идат одраз на вистината“, рече Трајанов, која бара комисијата да работа јавно за да може граѓаните да ја следат нејзината работа и сами да си носат заклучоци.

Зоран Илиоски, претседателот на Комисијата за избор и именување појасни дека членовите ги избрале партиите, а за Роза Топузова – Кареска се договориле на средба со трите пратенички.

На ова реагираше пратеникот Горан Милески, кој побара да се разјасни како се води Топузова Кареска, како што рече од една страна е независен пратеник, а од друга страна се води како член на Либералната партија.

На ова одговори повиканата пратеничка која објасни дека врз основа на Деловникот таа е независна и во Собранието не ги застапува партиските ставови, туку ставовите на нејзините гласачи.

„Добро е што скандалот со прислушувањето кој предизвика криза во државата влегува во институционален и процедурален пат. Треба да веруваме дека ќе даде резултат оваа комисијата. Вчера и јас се пријавив за да бидам независен пратеник, бидејќи така делувам од 2006 година во Собранието. Но во секој случај ги поддржувам сите колеги“, рече Лилјана Поповска од ДОМ.

Пратеникот Адеми Зулфи рече дека изборот на независниот пратеник во комисијата требало да се направи откако ќе се консултираат сите независни пратеници во Собранието.

макфакс