Четворица битолчани починале од грип

Четворица битолчани починале во изминатите денови од грип, од кои тројца повозрасни починале во битолската болница, а четвртиот пациент бил префрлен на скопските клиники каде што подоцна починал.

Image

 

Тројцата починати биле повозрасни и имале срцеви заболувања и дијабетес, додека четвртиот е 29-годишно момче кај кое настанале компликации, пишува „Утрински весник“.

 

Од Инфективното одделение во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ од Битола ја потврдија смртта на тројцата повозрасни пациенти, кои имале и други заболувања.

 

Четвртиот бил на возраст од 29 години и починал на скопските клиники, каде што бил испратен поради настанати компликации, па поради тоа од битолската болница не можеа да кажат од што точно починал, наведува весникот.

 

Околу 600 лица со клиничка слика на грип биле регистрирани на заразното одделение во Битола, заклучно со понеделникот.