Шарената револуција блокира мостови во Скопје

На пладне, како што најавија демонстрантите од Шарената револуција, беа блокирани неколку мостови во Скопје.

 Image

Блокирани се мостот Мајка Тереза кај МАНУ, мостот „Слобода“ и мостот „Гоце Делчев”

Граѓаните од Шарената револуција  се одлучија на блокади како јавен притсок врз власта за исполнување на нивните барања, за кои тие дадоа ултиматум да се исполнат до 18 јуни.

Првото барање е произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО. Второто барање е запирање на прогонот врз демонстрантите, да се ослободат сите приведени и повлекување на сите кривични пријави од МВР за учество во протестите.

Третото барање е оставка од Владата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и формирање на преодна влада, како и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО.

Четвртото барање е оставка од претседателот Ѓорге Иванов.