Што откриваат претходните врски за него?

Обично, претходните врски многу откриваат за тоа каков е можниот партнер. Без разлика дали некоја пред вас му го скршила срцето, тој не може да се врзе за вас или бил неверен, неговото романтично минато може да ви открие корисни детали за тоа што можете да очекувате од врската.

flickr-relationships-the-g-uk-4186203244-paul-g-ccbyncnd2

 

Сериски моногамист

Овој маж сака да биде сакан и воопшто не му е страв да се зближи со партнерката. Сепак, скокањето од една сериозна врска во друга може да биде знак на несигурност или страв од самотија.

Го изневериле

Мажот кој во минатото бил изневерен, има проблеми со довербата. Можеби ќе му биде потешко да се отвори, бидејќи чувствува страв повторно да не биде повреден.

Почетник во сериозна врска

Овој тип на маж може да биде или премногу пребирлив или да се плаши од одбивање. Кај првиот проблем тој би избегал, бидејќи за него е несфатливо дека врските бараат вложување на труд и посветеност.

Познат женкар

Дури и ако тоа не можете да го препознаете од неговиот безгрижен став, тој вас единствено ве гледа само како уште една постигната цел. Подготвен е да донесе вино, да подготви вечера, да спие со вас и потоа едноставно да го снема.

Тој изневерувал

Иако неговото минато не значи дека и вас ќе ве изневери, сепак е добро да го прашате што го навело на неверство. Доколку не ја наведе причината и претходно не се потрудил да ја промени ситуацијата, има големи шанси тоа повторно да го направи.

Врска со големи кризи

Мажот кој има бесконечни приказни за депресивни и агресивни девојки, очигледно сака такви девојки бидејќи ужива во драмата, сака да се чувствува надмоќен или пак верува дека е нивниот спасител. Најверојатно или од мува ќе направи слон или постојано ќе се обидува да ве налути или пак ќе ве остави истиот миг кога ќе му стане досадно.

Ново-стара девојка

Мажот кој постојано прекинува и се смирува со истата девојка не знае што сака. Тој е неспособен да донесе одлука и да се држи до неа, што открива дека е тип кој никогаш нема целосно да се обврзе кон вас.

Ја откажал свршувачката

Со откажувањето на венчавката не значи дека е лош човек. Ако не се чувствувал исполнет во врската, тогаш со откажувањето најверојатно ја направил вистинската работа. Сепак, не е лошо да го прашате зошто воопшто се свршил, а одговорот  сигурно ќе ви открие многу работи.

Разведен е

Тоа не е веќе табу тема, но причините за разводот можат многу да ви откријат за неговиот карактер. Пред работите да станат сериозни за вас, добро распрашајте се за целата ситуација и бидете сигурни дека разводот е конечен.

Жена му/девојка му неодамна го оставила

Можеби сè уште е огорчен или ги чувствува последиците од лошата врска. Во секој случај, егото му е на ниско ниво, а вие ќе морате да откриете кои биле нејзините причини, но кој одговор и да го добиете, ќе му треба време за да се соочи со бремето од минатото.

Никогаш не бил оженет

Мажот со наполнети 37 години без брачно минато најверојатно сè уште не налетал на висинската; мажот на 47-годишна возраст кој никогаш не се женел најверојатно е вечен ерген. Годините се многу битен фактор, но доколку никогаш не бил во брак или подолга врска, не очекувајте дека набргу вас ќе ве побара за жена.

Излегува со доста помлади од него

Без оглед дали излегува со двапати помлади жени од него, бидејќи тоа му годи на неговото его или сака работите да се одвиваат на забавен начин, мажот кој постојано бира помлади жени не е заинтересиран за оние на негова возраст. Можеби е заинтересиран за трофеи кои сака да ги покажува, се плаши од обврски или има проблеми со контролата.