Јапонски суд нареди затворање на нуклеарните реактори во Такахама

Јапонски суд нареди во среда од безбедносни причини да запрат со работа нуклеарните реактори кои само што беа пуштени во погон, поткрепувајќи ја пресудата со лекцијата научена од Фукушима.

Image
Со оваа судска одлука се опфатени единиците 3 и 4 на централата Такахама, иако добиле техничко и политичко зелено светло за повторно пуштање во погон.

Подносителите на тужбата, група од 29 лица од префектурата Шига, соседна префектура на Фукуа каде што се наоѓаат реакторите, изразија задоволство од одлуката на судот.

Овој пресврт во судската сага околу Такахама е удар на владата на Шинзо Абе која тврди дека јапонските нуклеарни постројки можат повторно да започнат со работа без страв во моментот кога нуклеарните власти ќе им издадат потврда дека се усогласени со новите заострени норми