10 одлични одговори на прашањето „Зошто се уште сте сами?“

Ако не сте во врска, тогаш знаете за што зборуваме. Статусот на сингл посебно после подолг период, предизвикува поплава од забодување на носови на сите страни – членови на семејството, пријателите, комшиите… И сето тоа знае да биде доста напорно и иритирачки.

enhanced-buzz-4317-1382656009-7

Затоа возвратете го ударот со некој од овие одговори:

1. Затоа што уште не си ме запросил.

2. Претпоставувам дека имам среќа.

3. Наведи ми еден оженет суперхерој.

4. Нарачав маж по пошта, го очекувам секој ден.

5. Затоа што сакам мојата мачка да порасне во здрава околина.

6. Подобро да бидеш сам, отколку во лошо друштво.

7. Нема потреба од брзање, животниот век и онака е се подолг, така да можам и покасно да доживеам 45 години од брак.

8. Вистинската љубов вреди да се чека. Нема да се омажам само затоа што сум сама.

9. Одлучив да го прескокнам својот прв брак.

10. Уште сум премлада за да престанам да живеам.