12 совети како да го преживеете денот на работа

Дури и да ја работите работата од соништата, имате прекрасни колеги и задоволни сте со платата, сигурно имате лоши и тешки денови кои треба да ги преживеетe во канцеларија. 

rabota

Издвојуваме 12 работи кои ќе ви помогнат да ги пребродите тешките моменти на работа.

ВЕТУВАЊЕ

Не им го ветувајте на колегите и претпоставените она за што не сте во состојба да го направите.

ЧУВСТВА

Научете да ги контролирате чувствата наместо да им дозволите тие да ве водат.

ХУМОР

Прилагодете ја својата смисла за хумор на работното опкружување.

ВРЕМЕ

Наспијте се и бидете одморни пред заминување во канцеларија. Исто така, бидете десетина минути пред сите на работното место.

ИСХРАНА

За време на паузата за ручек малку истегнете се, прошетајте. Во текот на работното време не претерувајте со кофеин.

ПРИЈАТЕЛИ

Добро е да имате еден колега кој ќе ви биде искрен пријател. Избегнувајте ги сите личности покрај кои се чувствувате лошо и кои се негативни.

ПРИОРИТЕТИ

На масата оставете слики од ваши блиски луѓе. Од време на време потсетете се што е најважно во животот.

СОГЛЕДУВАЊЕ

Секогаш набљудувајте ги работите од неколку перспективи, Исто така, кога нешто не ви одговара научете одлучно да кажете „не“.

ОРГАНИЗАЦИЈА

Секогаш имајте резервен план. Трудете се секогаш да бидете организирани, а нека вашата работна маса биде секогаш чиста и средена.

ХОБИ

Пронајдете хоби кое ве исполнува.

НАСМЕВКА

Секогаш имајте насмевка на лицето. Сакајте се себеси баш онакви какви што сте.

СПОРЕДБА

Не се споредувајте со другите. Барајте помош кога ви е потребна.