Охрид, 5 август, 2016 – 10:37 (META)

Деветнаесетгодишно момче починало вчера попладне на плажата Градиште, кај Охрид.
На самото место интервенирала и брза помош, но не можело да му се помогне и била констатирана смрт.
На телото на момчето немало траги на насилство.
Се очекува СВР од Охрид денеска да излезе со повеќе детали за настанот и да го открие идентитетот на несреќното момче.